Во понеделник минирање на патниот правец Кичево – Охрид, ќе има прекин на сообраќајот

- Македонија
511

АМСМ информира дека минирањето на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, ќе се изврши  во  понеделник, кога сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12 и 15 часот во времетраење од 15 до 20 минути.

На регионалниот пат Ресен – Охрид, преку Галичица, ЈП „Македонијапат” врши градежни работи за чистење на банкините, косење и кастрење на гранки на делот од Царина до Трпеица.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook Коментари