
Министерот за здравство д-р Илир Демири и генералниот директор на Диаверум Димитар Клисаровски, денеска информираа дека е обезбеден бесплатен скрининг за 2.000 пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување.
Клисаровски потенцираше дека финансиската реализација на проектот во целост е на здравствените установи Диаверум и Нефроплус, со што прегледите за пациентите ќе бидат бесплатни.
„Идејата за отпочнување за ваков скрининг проект постоеше од порано, согледувајќи ја состојбата на пациентите кои започнуваат со дијализа при што во многу случаи пациентите не биле ни свесни дека имаат хронично бубрежно заболување се’ до моментот на почетокот на дијализа што е последниот стадиум на хроничното бубрежно заболување. Министерството за здравство, Управата за електронско здравство, ние – Диаверум и колегите од Нефроплус се вложивме максимално како би можело да се изведе овој проект за бесплатен скрининг на популација во ризик од бубрежни заболувања, достапна за пациентите“, изјави Клисаровски.
Граѓаните кои се во ризик за развој на хронично бубрежно заболување, ќе бидат контактирани од страна на здравствените установи и повикани на бесплатен преглед. Скринингот ќе ги опфати следните градови: Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Железара, Визбегово, Делчево, Гевгелија, Штип, Кочани, Струмица, Куманово и Крива Паланка.
Извор: skopje1.mk
фото: архива
Facebook Коментари