Возачките со старото име ќе важат до крајот на годината, донесени итни законски измени

- Македонија
146

На полноќ истече рокот од одредбата од Договорот од Преспа за валидноста на исправите и документите за меѓународна употреба, но Собранието со итни законски измени овозможи  возачките со „Република Македонија“ да може да се заменат до крајот на годинава.

Собранието вчера попладне со 90 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината.

Претседателот Стево Пендаровски, веднаш потоа го потпиша указот за измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име. Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја поздравува одлуката на пратениците кои ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.

Facebook Коментари