Време- Денеска облачно со дожд и грмежи, утре стабилизација

- Македонија
511

Денеска претпладне и околу пладне ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. УВ=7. Дневната температура ќе се движи во интервал од 24 до 32 степени. Утре ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 32 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари