Време-Денеска сончево со мала облачност, утре облачно и нестабилно со пороен дожд

- Македонија
372

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 33 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град. Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари