Време- Нестабилно со пороен дожд и грмежи

- Македонија
72

Денеска претпладне ќе преовладува променливо облачно време. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 33 степени. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 31 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари