Време: Oблачно и студено со сончеви периоди

- Македонија
404

Денеска ќе преовладува променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Во северните и североисточните делови на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 13 степени. Утре ќе биде променливо облачно и постудено, во северните делови на планините и на повисоките места со услови за слаб повремен снег. На повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари