Време-Облачно со повремени врнежи од дожд

- Македонија
290

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено во текот на ноќта, каде повремено и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени. Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде повремено и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари