Време-Претпладне со сончеви периоди, попладне пороен дожд и ветер

- Македонија
387

Денеска претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд,  грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6. Дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени.

Извор: УХМР

Фото: архива

Facebook Коментари