Време: Претпладне сончево и топло, попладне можност за локален пороен дожд

- Македонија
50

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 28 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 25 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари