Време: Променливо облачно со пороен дожд

- Македонија
464

 

Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено попладне. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2). Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 31 степен. Утре ќе биде сончево и посвежо со мала локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 30 степени.

Извор: УХМР

 

 

Facebook Коментари