Време- Сончево и топло со мала облачност

- Македонија
337

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 37 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 36 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари