Време: Студено со појава на голомразица и слаби врнежи од снег

- Македонија
182

Денеска претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица. Ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси. Дневната температура ќе се движи во интервал од -2 до 5 степени. Утре ќе биде променливо облачно, студено со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од -1 до 8 степени.

Извор: УХМР

фото: Strugaonline

Facebook Коментари