Време- Умерено до значително облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд

- Македонија
521

Денеска ќе биде умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 17 степени. Утре ќе биде  претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари