Времето денес променливо облачно и студено со провејување на снег

- Македонија
85

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-10 Попова Шапка, -7 Маврови Анови, Крушево, -4 Берово, -3 Битола, Прилеп, Охрид, Претор,  Тетово, Дебар, -2 Крива Паланка, -1 Виница,  Скопје-Зајчев Рид, Штип,  Кавадарци, Скопје-Петровец, Струмица, 0 Велес, Демир Капија, 2 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа (во l/m2)

7 Демир Капија, Крушево, 6 Битола, Маврови Анови, 4 Струмица, 2 Берово, 1 Претор.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)

62 Попова Шапка, 57 Маврови Анови, 39 Крушево, 33 Битола, 26 Берово, Дебар, 25 Тетово, 22 Штип, Демир Капија, 20 Прилеп, 17 Виница, 16 Претор, 15 Струмица, 14 Охрид, 9 Скопје – Петровец, 7 Крива Паланка, 5 Куманово.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Облачно со повремени врнежи од снег претежно во централниот дел од земјата. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утринава снег провејува во Крива Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари