Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци меѓу кои и Струга – г. п. Ќафасан

- Македонија
284

Поради обилни врнежи од снег, воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на неколку патни правци во Република Македонија, информираат од АМСМ.

Поради обилни врнежи од снег, од 08:30 часот воведена е забрана за тешки моторни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 07:45 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – г. п. Ќафасан.

Во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на тешки моторни возила.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег врне во западниот дел на Републиката. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Facebook Коментари