Заев: Најдоцна до утревечер Владата ќе одржи седница на која ќе прогласи кризна состојба

- Македонија
372

Премиерот Зоран Заев информира дека најдоцна до утревечер Владата ќе одржи седница на која ќе биде прогласена кризна состојба на територијата не цела држава.

– Управувачкиот комитет треба во најбрз рок да предложи на Владата прогласување кризна состојба. Најдоцна утревечер ќе ја одржиме седницата на Владата. Ако бидат подготвени сите институции, во делот на правно-формалниот аспект, ние сме подготвени вечерва тоа да го направиме, но најдоцна утревечер сум убеден дека ќе стигнеме да прогласиме 30 дена кризна состојба, рече Заев.

 

Facebook Коментари