Земјотрес во Албанија, почувствуван и во западниот дел од Македонија

- Македонија
339

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера 28-ми февруари 2023 година, регистрираше земјотрес 184 километри југозападно од Скопје кој потекнува од соседна Република Албанија.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18 часот и 43 минути со Рихтерова локална магнитуда ML4.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во западниот и северозападниот дел од Републиката, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Facebook Коментари