Селеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, на 11-ти ноември 2020 година, во 04:54 часот, регистрира земјотрес со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0.
Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала.
извор: Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
фото: архива
Facebook Коментари