Знамето на НАТО подигнато пред Влада

- Македонија
738

Пред Владата на Република Македонија, која наскоро ќе го носи името Република Северна Македонија, денеска се одржа свечена церемонијана подигнување на знамето на НАТО, на која се обрати премиерот Зоран Заев.

-Со ова кажуваме дека нашата татковина е на вистинскиот пат кон прогресот и непречен развој. Успеавме. Од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении се вративме на главниот автопат кон Европа, можеме сите да бидеме горди што го живееме новото време, ера на изградба на демократско општество, на рамноправни граѓани кои стремат да ги освојат европските вредности, рече премиерот Заев.

Во својот говор тој оддаде почит и посебна благодарност за придонесот што го дадоа загинатите војници и миротворци во мировните мисии на НАТО во кој учествуваше нашата земја. Заев истакна  дека нивните животи се во темелите на овие историски моменти. Изрази благодарност и до претседателот Борис Трајковски кој заедно со своите соработници ги загубија животите во авионската несреќа токму за време на нивната служба и мисија да ја направат нашата земја да биде почитувана интергрирана и безбедна, како и на првиот претседател Киро Глигоров, кој уште пред независноста на нашата земја, со својата цврста заложба за мир се определи за евроатлантските интеграции.

Фокусирајќи се на идните чекори Заев рече дека иднината повеќе не ни е судбина.

„Ја прзедовме судбината во свои раце и ја одредивме иднината. Со тоа ја прифаќаме и одговороста да ја оставиме историската цел. Подигнувањето на знамето на НАТО не е само симболика, туку е реалност, тоа нова страница во нашата историја, рече Заев.“ – истакна премиерот.

Извор и фото: Влада на РМ

Facebook Коментари