„ЗOO Скопје“ ја започна кампањата „Креирај и донирај“

- Македонија
102

„ЗOO Скопје“ започнува со кампања за разубавување на зоолошката градина, како и збогатување на реквизитите за животните (enrichment).
Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто кое може да го подари е добредојден да помогне.


„Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни… Сите сте добредојдени! Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје.“ – велат од „ЗОО Скопје“.

Кампањата ќе трае до 30-ти март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на Зоо Скопје.

„Доколку ви се потребни креативни идеи за изработка на enrichment, има илјадници на Pinterest. Доколку сакате да креирате и донирате, јавете се на 070/688-014“ – додаваат од таму.

Strugaonline

Facebook Коментари