ТОП Вести

23 години од терористичките напади во САД

- Свет
74

Во САД денеска се одбележуваат 23 години од терористичките напади извершени на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, кога загинаа речиси 3000 лица.

Нападите се случија кога терористи киднапираа четири авиони од кои два удрија во кулите близначки на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се сруши во руралниот дел од Пенсилванија, бидејќи патниците пружиле отпор.

Одговорност за нападот презеде Ал Каеда, чијшто лидер, Осама Бин Ладен, беше убиен 10 години подоцна во Пакистан.

Американците традиционално ја одбележуваат годишнината со читање на имињата на загинатите на местото каде што се урнати кулите близначки.

Кулите се урнаа за околу два часа од ударот на авионите, а во нив загинале 2.606 луѓе, меѓу кои 343 пожарниари и 60 полицајци.

StrugaOnline

Facebook Коментари

error: