Македонија со головите на Енис Барди и Бојан Миовски славеше против Ерменија

- Македонија, Спорт
79

Македонската репрезентација дојде до првата победа во четвртото издание на Лигата на Нации, откако синоќа ја совлада Ерменија со 2-0.

Победата има големо значење, затоа што е остварена над директен конкурент за првото место и во второто  полувреме во кое Македонија играше со 10 играчи во поле, откако Зајков беше исклучен уште во првиот дел. Но и со еден таков хендикеп, избраниците на Благоја Милевски беа пресилни и за една Ерменија, со која ќе се води битка до крајот за првото место на табелата. Македонија и дефинитивно се врати во игра за првата позиција со оваа победа, после она разочарувачко реми на Фарските Острови.

Првиот гол го постигна капитенот на Македонија Енис Барди во 70. минута од слободен удар и ги воодушеви сите присутни на „Арената“, од 26-27 метри шутираше во горниот лев агол за предност на Македонија во дуелот со Ерменија.

Стрелец на вториот гол беше Бојан Миовски, кој најде простор да шутира, и да го совлада Чанчаревиќ за предност на Македонија од 2-0 во 79 минута од средбата.

Дуелите во Лигата на нациите за Македонија продолжуваат во октомври со две гостувања. На 10 октомври, нашиот национален тим гостува кај Летонија, па три дена подоцна следи гостински натпревар и кај Ерменија.

ЛИГА НА НАЦИИ, ГРУПА Ц4

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2-0

ЛЕТОНИЈА – Ф.ОСТРОВИ 1-0

StrugaOnline

Facebook Коментари