Најмалку шест лица загинаа во вчерашните земјотреси во Турција

- Свет
306

Спасувачите повторно пребаруваат урнатини во Турција по вчерашните два силни земјотреса, во кои загинаа најмалку шест лица. Земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала го погодија југоистокот на земјата близу границата со Сирија, точно две недели по катастрофалниот земјотрес, кој однесе десетици илјади животи во двете земји.

Вчера се урнаа згради кои беа ослабнати во претходните земјотреси, а смртни случаи се регистрирани во Антакија, Дефне и Самандаг, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, додавајќи дека 213 луѓе се повредени.

Извор: sdk.mk

Facebook Коментари