„Пфајзер“ : Нашата вакцина против ковид 19 е ефикасна 90%

- Свет
361

Aмериканската компанија „Пфајзер“ (Pfizer) објави дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 е ефикасна 90%, согласно првите клинички испитувања. Стапката на ефикасност е над 50%, што е барана од американската Администрација за храна и лекови.

„Пфајзер“ и нејзиниот партнер, германската биотехнолошката компанија „Био Н Тех“, први излегоа со успешни податоци за вкацината. Во моментов тие известуваат дека не нашле непријатности и недостатоци за време на испитување на вакцината.

„Денеска е одличен ден за човештвото: Ние ја достигнавме оваа критична пресвртница во нашата програма за разво ан вакцини, кога н Светот му е најпотребна вакцина со стапките на инфекции кои поставуваат нови рекорди во сега“, рече Алберт Була, извршен директор на „Пфајзер“.

За да ја потврди стапката на ефикасност, американската компанија истакна дека ќе продолжи со испитувањ се додека не изгубат сите 164 случаи на Ковид-19 кои ја тестираат вакцината.

Извор: Тв 21

фото: архива

Facebook Коментари