Големото гламурозно финале на патриотскиот музички проект Музичкиот проект „Македонијо, во срце те носиме“ на 7 декември во Скопје.
„Македонијо, во срце те носиме“ е голема македонска патриотско-музичка приказна која трае близу две години, а ќе биде официјално и гламурозно завршена на 7 декември оваа година, со навистина голем свечен концерт во Скопје. Организаторите „скромно“ најавуваат нешто што ќе остане за долго време во мислите на секој Македонец.
Концертот е закажан во големата сала на „Македонската филхармонија“, а ќе го снима Македонската телевизија и ќе биде одложено емитуван во некое соодветно време, најверојатно за некој од идните празници кои ни доаѓаат во текот на зимата. Концертот ќе го одбележи настапот и на Голем симфониски оркестар од 50 музичари под диригентската палка на Сашо Татарчевски, а кој ќе ги прати сите пејачи на сцената.
StrugaOnline
Facebook Коментари