Здружението на лица со дијабет „Охрид“ ќе го одбележи 14-ти ноември, Меѓународниот ден на лицата со дијабет

- Здравје, Локални
130

Здружението на лица со дијабет „Охрид“, организира низа активности за одбележување на 14-ти ноември, Меѓународниот ден на лицата со дијабет од Охрид.

Во хотелот „Ројал Вју“, денеска напладне ќе започне Едукативна работилница „Донирај здравје“. Предвидени се неколку презентации и тоа вовед во правилна исхрана со Дино Николиќ и Ивана Илиевска, презентација и дегустација на селско домаќинство „Пирустија Неданоски“ со Наташа Неданоска, презентација за животните навики за подобро здравје со Дино Николиќ и Ивана Илиевска и презентација за природна поддршка за стабилен шеќер и здравје во секој залак – микробилки и дијабет со Сања Бачевски.

Во четврток, на 14-ти ноември, на плоштад „Крушевска република“ ќе се одржи мерење на шеќер во крвта на граѓаните „Да му покажеме црвен картон на Дијабетес Тип 2 заедно“ во периодот од 12:00 до 14:00 часот. Во хотелот „Милениум Палас“ од 17:00 часот ќе се одржи предавање на тема „Промени во очите предизвикани од нерегулиран дијабет и начини на лекување“ со д-р Виолета Бучкоска од Очната болница „Деница“.

Активностите ќе бидат заокружени со изложба на фотографии и рачни изработки од членови на здружението на лица со дијабет „Охрид“ и доделување на благодарници.

StrugaOnline

Facebook Коментари