Во недела Р.К Струга го игра натпреварот на сезоната против Металург Јуниор

- Локални, Спорт
803

Во рамките на Првата лига, на 27.05 (недела)  екипата на РК Струга на гостински терен во Скопје игра против екипата на Металург Јуниор. Почетокот на натпреварот е закажан за 12 часот и 30 минути во спортската сала на О.У Круме Кепески. Судии на натпреварот ќе бидат Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола. Ова за нашите ракометари е натпревар на сезоната. Евентуална победа би значела бараж за РК Струга кој би не’ довел до Супер-лигата. За сите оние кои сакаат да бидат поддршка за нашиот тим за натпреварот во недела, ќе има организиран превоз.

Strugaonline

 

Facebook Коментари