Изложба и пијано-концерт вечерва на „Охридско лето“

- Локални
746

Вечерва во 21:00 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде поставена изложбата ,,Зад виножитото“ – на Калина Брајковска,
– Идилата врежана во нас живо настојува да ја завземе првобитната состојба.

 

-Изложбата е именувана ,,Зад виножитото “ и ќе бидат изложени 20 дела масло на платно. Инаку оваа изложба тематски е продолжение на првата самостојна изложба одржана во Младинскиот културен центар во Скопје со наслов ,,Радост на живеењето“ на која што беа претставени 16 дела масло на платно. Сликите се во стилот на Неоекспресионизмот – правец кој моментално најсилно ми одговара да се изразам…
Инаку насловите како “Цутење“, “Гласник на новото утро“, “Пролетни приказни“, “Природна мистика“ и други.. заедно со силната бојата и потегот сами ги откриваат моите состојби и размислувања кои секогаш се произлезени од природата на се што е живо и чии дел сме и ние сите. Во новиот циклус “Зад виножитото“ насловите “Венера ги најде своите раце”, “Летало” “Mесечината свири саксофон“, “Релаксирано, ништо не е под контрола“, “Дојди како што си“, “Моќта на цветот“, “Кралица на се што постои“, “Ти си вистински оригинал“ и други..потрагата по идилата која е составен дел од нашето создавање уште попотврдено го бара својот начин да освен во нашата меморија и мечта се обвистини во овоземниот живот, секојдневието – сега и овде. Она за кое мечтаеме со затворени очи денеска да успееме да го почуствуваме како реалност .-вели авторката.

Истовремено, ( во стандардниот термин од 21:00 часот) во катедралната црква Света Софија концерт ќе одржи пијанистот Роберт Биша.

Роберт Биша е неверојатно талентиран пијанист и композитор, генијален импровизатор и еден од најталентираните мултиинструменталисти денес. Неговата музика е современа, со елементи на авангардниот џез. Свири на електрично пијано, правејќи ремиксови на оригинална музика, имплементирајќи ги техниките на класичната музика со современи хармонии и елементи на богатиот албански фолклор.

Полифоната вокална музика е сè уште актуелна во Албанија, а во 2005 година е прогласена за ремек-дело на нематеријалното културно наследство на човештвото од страна на УНЕСКО. Албанскиот „Исо-полифон хор“ е најголемиот претставник на различни музички стилови од јужна Албанија. Зборот „исо“ го претставува т.н. дрон (придружба, каде еден тон или акорд постојано звучи низ целата композиција), кој може да се пее континуирано или ритмички спротивно од останатите мелодии. Ваквите композиции претежно ги изведуваат машки гласови на најразлични социјални случувања. Традиционално, исо-полифоното пеење од јужните делови на Албанија се пренесува „од колено на колено“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари