Со одржување на поетскиот митинг, денесa во Струга на свечен начин започна одбележувањето на 75 годишнината од ослободувањето на Република Македонија и на градот на браќата Миладиновци.
Поети од Струга, Охрид и Вевчани учествуваа на оваа манифестација, под мотото „Песна за песната“. Tие симболично се фотографиаа пред спомен обележјето на местото од куќата на Сотир Шута, каде што на дочекот на Новата 1942 година, за прв пат, Владо Малески, по свои стихови, ја испеа песната „Денес над Македонија се раѓа“,а истата, подоцна стана и химна на Република Македонија.
Поетите на митингот читаа песни посветени на слободата на Република Македонија.
На иницијаторот за одржување на поетскиот митинг Културниот центар „Бран“, Ревијата за литература „Бранувања“ и манифестацијата „Струшки книжевни средби“, им се придружи и Општинската организација на Сојузот на здружението на борците од НОАВМ и поддржувачите – антифашисти, кои заеднички подготвија специјална програма посветена на 75 годишнината од историската победа.
Раководството на Културниот центар „Бран““, Ревијата за литература „Бранувања“ и манифестацијата „Струшки книжевни средби“, едногласно одлучи, во знак на почит на авторот на химната Владо Малески и за неговото дело и придонес за победата во НОАВМ и во повоена Македонија, на претсојната манифестација „Струшки книжевни средби“,деветта по ред, постхумно да му додели „Златна благодарница“.
Teкст и фото: Стојан Кукунешоски
Strugaonline
Facebook Коментари