КУД „Дримкол“- Вевчани ја отвори седмата меѓународна конференција „Водици 2019“ во Струга

- Локални
1189

КУД ,,Дримкол” – Вевчани ги започна концертните активности во Новава година.

Вчера во  хотел,,Дрим”- Струга, членовите на „КУД ДРИМКОЛ“ ја отворија седмата меѓународна конференција во организација на Универзитетот ,,Евро-Балкан” – Скопје.

Истата тематски е посветена на „Идентитетите, културното наследство и туризмот како важни елементи на современото секојдневно живеење и фигури на глобалните процеси “. Учествуваат околу 60-на научни и стручни лица од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Азербејџан, Турција, Унгарија и Русија.

Организатори на настанот се Универзитетот „Евро-Балкан“ и Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија, во соработка со „MIRAS“ – Социјалната oрганизација за поддршка на изучување на културно наследство од Баку, Азербејџан, Селџук Универзиетот од Конија, Турција и Институтот за напредни истражувања од Косзег, Унгарија.

Strugaonline

Фото: КУД „Дримкол“ – Вевчани

Facebook Коментари