Науме Јованоски ја објави кадидатурата за градоначалник на Охрид
Поранешниот прв човек на ОО СДСМ Охрид, Науме Јованоски ја објави кандидатурата за градоначалник на Охрид на претстојните вонредни локални избори.

Јованоски на прес конференцијата потенцира дека е способен и одговорен пред партијата, во прилог на задржувањето на градоначалничкото место и идниот развој на Охрид. Одлуката да влезе во трката за градоначалник ја донел и поради блискоста и вербата во актуелното раководство на СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев.
– Дополнителен мотив да се кандидирам за одговорната функција е фактот што, во делот на организациската и теренска активност, имам одлично претходно искуство, добар тим кој ќе застане зад мене – заеднички да ја одработиме задачата, доколку за тоа добиеме поддршка од нашата матична партија – СДСМ. Во целост се согласувам со политиките на премиерот на домашен и меѓународен план, особено на планот на зближување на соседните земји и народи, ги поддржувам и ќе работам на нивната реализација и афирмација, истакна Јованоски.
Целосниот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК
Извор и фото: ОхридПрес

