Време: Променливо облачно со дожд и пад на температурите

- Македонија
587

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 18 степени. Утре ќе биде  променливо облачно и посвежо со локален дожд, а на планините снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.

Стабилизација се очекува од петок.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари