Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 23 до 29 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари