Maкедонија ја совлада селекцијата на Турција во квалификациите за ЕП 2020

- Спорт
678

Репрезентацијата на Македонија ја совлада селекцијата на Турција и се пласираше на ЕП 2020. Нашата репрезентација имаше одлични први 15 минути од натпреварот, после почетниот израмнет резултат 1:1, нашите ракометари направија серија од 5:0. Но, до крајот на првиот дел Турција стигна до негатива од само еден гол. Тоа беше само вовед во кризата на играта на Македонија, до крајот на првиот дел Турција успеа да врзе пет гола, и на полувреме водеа со 13:11. На почетокот на вториот дел постојано бевме во негатива од два до три голови разлика. Успеавме да израмниме на 21:21, a релазиринаиот пенал на Лазаров ни донесе и водство. Во најважните моменти, пред самиот финиш нашата репрезентација одигра одчилно и обезбеди победа со резултат 25;26.

Капитенот  Кире Лазаров со седум погодоци и Филип Талески со пет гола беа најефикасни во македонската селекција. Пеливан со десет гола и голманот Озмосул со 16 интервенции беа најдобри во турската селекција.

Вистински херој за Македонија на овој натпревар беше нашиот голман Никола Митрески кој имаше низа значајни одбрани кога беше најпотребно, вклучувајќи ја и одбраната во последната секунда од натпреварот.

Преостанува уште натпреварот против Грција в недела во Струмица, а победа ќе ни донесе сигурно прво место во групата и место во вториот шешир во ждрепката кон крајот на јуни во Виена.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари