СВР Охрид со совети за намалување на можностите за вршење кражби

Со цел елиминирање на можностите за вршење кражби, СВР Охрид ги интензивира превентивните мерки со кои, граѓаните ги потсетуваме на неопходноста од поголема грижа за безбедноста на домовите и вредните предмети. Анализите на СВР Охрид покажуваат дека поголем дел од кражбите се случуваат во згодна прилика кога домовите се оставаат незаклучени додека на плажите, предмет на кражбите се оставени и необезбедени паричници, мобилни телефони лап топ компјутери и други предмети.
Според аналитичките податоци на СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, во текот на првото полугодие од 2019 година, регистрирани се 117 казнени дела „тешка кражба“ и 39 дела „кражба“. Овие бројки, претставуваат намалување во однос на истиот период од минатата, 2018 година, кога се евидентирани 170 дела „тешка кражба“ и 62 дела „кражба“.
Во врска со појавата на питачење, во првото полугодие од годинава, на подрачјето на Охрид регистрирани се 15 случаи и ист број и на подрачјето на Струга. Исто толку прекршочни пријави се поднесени против лицата кои се затекнати при питачење, што е во согласност со членот 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Извор: СВР Охрид
StrugaOnline

