Време: Сончево и многу топло

- Македонија
481

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло  време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 31 до 39 степени. Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Во северните и источните делови ќе има услови за изолирана појава на невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 29 до 38 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари