Лев банер Десен банер

Струшките советници изгласаа мораториум на градежните активности

На денешната седница на Совет на Општина Струга, струшките советници изгласаа мораториум на градежните активности.

Советниците исто така  го усвоија и акцискиот план со мерките кои треба да се преземат согласно препораките на УНЕСКО.

Со акцискиот план е предвидено да се врати во првобитна состојба просторот  на потегот од Струга до Калишта до октомври оваа есен, а ќе се врши и перманентен надзор во насока на спречување на ново уништување на трската од Струга до Калишта.

За сето она што во Струга и Охрид ќе биде постигнато во насока на остварување на препораките на УНЕСКО ,отчет треба да се достави до Владата.

 

 

error: