Време: Променливо облачно со дожд и значително посвежо

- Македонија
482

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 33 степени. Утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд, претежно во југоисточните делови. Дневната температура ќе се движи во интервал од 27 до 34 степени.

Facebook Коментари