Во рамките на второто коло во есенскиот дел од сезоната во машката ракометна Супер-лига екипата на РК Струга на домашен терен загуби од РК Пелистер со резултат 24: 26.
Нашите ракометари најпрво водеа со со 7-4 во првиот дел, но на крајот на истиот, битолчани покажаа борбеност и на пауза заминаа со гол предност, 11-12. Во второто полувреме имаше неизвесна и силна игра од двете страни, па се играше гол за гол.
На крајот на натпреварот Пелистер стигна до 20-24, а РК Струга возврати серија и стигна до минус еден се бореа, но во последните секунди сепак ракометарите на Пелистер реализираа и го добија овој меч со 24; 26.
Следниот викенд РК Струга игра на гости против РК Радовиш.
Strugaonline
Facebook Коментари