Во Собранието на Република Северна Македонија, на тројцата добитници за оваа година, им беше врачена најголемата државната награда „11 Октомври“ за 2019 за животно дело во областа на науката, културата, уметноста и други дејности од државен интерес.
Во областа на културата и уметноста наградата ја добија познатиот писател и ликовен уметник од Струга, Г-дин Димитрие Дурацоски кој важи за еден од најдобрите писатели во земјава, како и актерот Петар Мирчевски.
Наградата за животно дело во областа на науката ја доби академик Љупчо Коцарев.
Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари