Претставата „Стаклена менажерија“ повторно на репертоарот на Охридски театар

- Локални
552
Претставата „Стаклена менажерија”од Тенеси Вилијам која освои НАГРАДА НЕТА на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков” во Струмица во месец септември, за актерска инвентивност посветеност во остварувањето на режискиот концепт- повторно е  на репертоарот на Охридскиот театар, во  петок 18.10.2019 година.

Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски


„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, вели режисерката -Софија Ристевска Петрушева.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Strugaonline

Facebook Коментари