Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23:15 часот регистрирше земјотрес, со епицентар на 115 км југозападно од Скопје, во соседна Албанија.
– Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.1, а беше почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари