
Во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од општина Струга свечено беше одбележан 8-ми ноември, Денот на ослободувањето на Струга. На манифестацијата присуствуваа граѓани, претставници од локалната самоуправа, организации, политички партии, како и претставници на Армијата. Пред присутните се обрати претседателот на ОО на Сојузот на борци Ајредин Мемеди.

Традиционално, општинската организација на СДСМ-Струга по повод Денот на ослободувањето на Струга положи свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата.
Strugaonline
Facebook Коментари