(ВИДЕО)Младиот музичар Иван Стефановски од Струга со преработка на песната „Низ двори се шета мома Катерина“

- Локални
1648

Во рубриката „млади музички таленти“ ви го претставуваме Иван Стефановски од Струга. Има само петнаесет години, љубовта кон музиката ја покажува зрело, а својот сон го реализира професионално. Љубителите на народната музика Иван ги изненади со одличната преработка на песната „Низ двори се шета мома Катерина“ од Цане Николовски.

Спотот за оваа преработка го изработи „Тони рекордс“ од Мислешево, а сниман е на неколку локации во Вевчани, плажа Изгрев и Калишта.

Иван Стефановски афинитети кон народната музика покажувал од мала возраст, првите преработки на македонски народни песни ги испеал на свои дванаесет години, а за неговиот талент има добиено и награди.

Тој го има освоено првото место на Регионален натпревар за млади музичари (категорија за најдобар глас) што се одржува во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид.

Во иднина планира да промовира и свои авторски песни.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари