Време- Променливо облачно со слаб локален дожд

- Македонија
404

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон сабота. Ќе дува повремено умерен јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени. Утре  во  утринските и претпладневните часови ќе има на места пообилни врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на денот ќе престануваат и ќе дува умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари