Време: Променливо облачно со врнежи од дожд

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Од пладневните часови во северните делови ќе започне да дува северен ветер кој потоа ќе се прошири во поширокиот регион на Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени. Утре ќе биде променливо облачно и постудено. Претежно во североисточните делови ќе има локален дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и понекаде снег ќе заврнува и на височини од 1000 метри. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.
Извор: УХМР

