Во петок во Охрид ќе се игра претставата „Балканска 3а/2

- Локални
673

Во петок со почеток во  20:00 часот на репертоарот на Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид,  е претставата „Балканска 3а/2 во режија на на Ана Батева.

Играат: ИЛИЈА – Стрезо Стаматовски; МИРНА – Елизабета Стефановска; АРСЛАН – Филип Кипровски; ПОТСТАНАРОТ – Никола Тодоровски
„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;
„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;
„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Strugaonline

Facebook Коментари