Во недела (8-ми март) во дневникот 2 на МТВ ќе биде промовирана евровизиската песна „YOU“, со која што Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.
Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, Нешкоска е охриѓанка која живее во Чикаго таа заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли, Алис Шредер е автор и на текстот. На продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска работеа и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.
Facebook Коментари