УХМР: Времето денес облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

- Македонија
646

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта под влијание на влажна воздушна маса во земјава преовладуваше претежно облачно време а во северозападните делови со врнежи од дожд. Ведро беше само во Беровскиот регион. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринава се задржа претежно облачно време на повеќе места со врнежи од дожд, кои во северозападните делови се пообилни. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северните делови на Повардарието од северен правец кој повремено се засилува, и во Скопската котлина на моменти достигнува брзина до 50 км/час.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови (над 25л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура за околу 7, а во северните делови и за 10 степени. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и посвежо,попладне со кратки сончеви периоди.Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст.

Извор: УХМР

Facebook Коментари